bootstrap themes

Услови за учество во трката

Следните услови и правила се составен дел од вашата регистрација за учество нa HalkEco Skopje Run 10K 2024:

1. За трката:
1.1 Име на трката: HalkEco Skopje Run 10K 2024
1.2 Трката ќе се одржи на 12.05.2024 во 9.00 часот Организаторот си остава за право да ги промени термините на трките и фондот на награди доколку тоа го наметнуваат условите.
1.3 Организатор на трката: Сојуз на спотови на Скопје, АК Скопски Маратон и АК Работнички
1.4 Службени јазици на трката : Македонски и Англиски
1.5 Должина на патеката е 10000 метри која се трча во еден круг со старт и цел на исто место.
1.6 Од 2023 година трката е со меѓународен сертификат издаден од АИМС и Светска Атлетика, што значи дека сите резултати и исполнети норми ќе бидат признати од овие институции
1.7 По истрчаната трка секој учесник ќе мора да ја напушти зоната на цел, задржување не е дозволено за да не сметате на останатите учесници кои влегуваат во цел.
1.8 Правилата на трката важат за сите учесници и се составен дел од условите за пријавување на трката, а со пријавувањето учесникот ги прифаќа правата и обврските регулирани со овие правила.

2. Пријави и одговорности на учесниците
2.1 Пријавите за учество се отворени на 26.02.2024 во 12.00 часот, а се затвора на 30.04.2024 во 23:59 часот. На денот на трката не е можно пријавување.
2.2 Цената на пакетот за учество зависи од датумот на уплата, не од датумот на регистрација. За пријава до 20 април вашето име ќе биде испечатено на стартниот број.
2.3 Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето е затворено во моментот на пополнување на бројот на учесници, што може да биде пред крајниот рок од член 2.1
2.4 Трката е со временско ограничување од 90 минути.
2.5 Учесникот на трката е одговорен за неговата физичка и здравствена подготвеност за учество на трката.
2.6 Учесниците учествуваат на сопствен ризик. Организаторите не сносат никакви правни последици во случај на телесна повреда, други здравствени проблеми или смрт, оштетување на опремата и помагала на учесникот, повреда на детето во количка. Лекарскaтa екипa има право да го отстрани учесникот во трката доколку констатира опасност по неговото здравје.
2.7 Организаторот е должен да обезбеди итна медицинска помош за време на трката.
2.8 Со пријавувањето на трката, учесникот се согласува дека организаторот може да користи фотографии и видео снимки направени за време, непосредно пред и по трката, вклучувајќи ги сите видови на рекламирање на радио, ТВ и интернет како и за други рекламни потреби на организаторот.
2.9 Секој регистриран натпреварувач мора да трча со стартниот број што му е доделен во стартниот пакет и за истиот не е можно отстапување на друго лице, во било кој случај, дури и во случај да не е можно учество на настанот од било кои причини. Пријавувањето за трката е лично. Учесникот потрвдува дека сите информации внесени во пријавата се точни. После регистрацијата, учесникот нема право на рефундирање на уплатени средства.
2.10 Учество во трката со стартен број на кој е пријавено друго лице е основа за дисквалификација.
2.11 Во случај на презакажување на трката заради влошена епидемиолошка состојба во државата или од други непредвидени околности уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.

3. Старни пакети и подигање
3.1 Старните пакети ќе може да се подигнат на 10 и 11 мај, а локацијата ќе биде дополнително објавена од страна на организаторот.
3.2 Стартниот пакет се состои од: подготовка и обезбедување на патеката, (затворање на улици), станици за освежување, мерење на време, медицински тим старт/финиш зона, персонал за организирање на настанот, услуги за складирање на лични работи за време на трката, тоалети достапни на старт/цел и на патеката, стартен број со чип за мерење на време, торбица, подароци од спонзори, медал за учество во трката, резултати во живо, електронска диплома, пехари и диплома за првите три апсолутни победници и по категории, осигурување за сите учесници, бесплатни фотографии
3.3 Стартниот пакет се подига лично со документ за идентификација и/или со потврда за регистрација на трката која може да се прикаже во печатена или електронска форма.
3.4 Преземањето на стартниот пакет за друг учесник е можно само со прикажување на личен документ и/или потврда за регистрација на трката од другиот учесник.

4. Учество во трката
4.1 Учество во трката е можно само со стартниот број издаден од организаторот
4.2 Стартниот број се поставува на предната страна од маицата и мора да е видлив во секое време на трката и за време на влегувањето во целта.
4.3 На позадината на стартниот број се наоѓа чипот за мерење на време кој не смеете да го уништувате (превиткувате) на било кој начин, во спротивно нема да биде регистрирано вашето време.
4.4 Резултатите се достапни онлајн за време и по завршувањето на трката на линкот кој ќе го објави организаторот пред почетокот на трката. Жалба во врска со резултатите за првите тројца се поднесува во рок од 30 мин по завршувањето на трката написмено до официјалните судии. Рок за поднесување на жалба за останатите резултати е 24 часа по завршување на трката, исклучиво преку е-маил. По истекот на правото на жалба, резултатите стануваат официјални.

5. Стартни зони
5.1 Учесниците на стартот ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според вашето таргет време кое ќе го одберете при процесот на пријавување.
Таргет времињата се следни:
зона 1 - таргет време под 45:00
зона 2 - таргет време од 45:01 до 50:00
зона 3 - таргет време од 50:01 до 55:00
зона 4 - таргет време од 55:01 до 1:00:00
зона 5 - таргет време над 1:00:01
5.2 Ова опција е задолжителна при процесот на регистрација. На стартниот број ќе биде обележано вашето таргет време и нема да може да влезете во стартна зона со друго таргет време.

6. Дозволена и недозволена опрема 
6.1 На трката не е дозволена употреба на ролери, скутери, велосипеди или други помагала со тркала. Исклучок се лицата со ограничена подвижност кои не можат да се движат без помагала.
6.2 Сите лица во трката мора да учествуваат самостојно.
6.3 Дозволено е учество на тркачи со дете во количка што ја турка пред него заедно со претходно известување на организаторот, и истите застануваат на старт помеѓу последните редови.
6.4 На учесниците им е дозволено учество во трката со куче на поводник, со претходна најава на организаторот, и истите застануваат на старт помеѓу последните редови.
6.5 За време на трката не се препорачува слушање музика со слушалки, од безбедносни причини. Едното уво мора да ви биде слободно за да може да ги слушнете сите инструкции/звуци/ амбулантна сирена/ за време на трката

7. Спортско однесување
7.1 Сите учесници мора да ги слушаат во секое време на патеката и во стартно/ целната рамнина, инструкциите на организаторот или претставници на огранизаторот
7.2 Сите учесници треба да се однесуваат спортски и фер-плеј во секое време и да се однесуваат со почит кон другите учесници, гледачи и организаторот.
7.3 Непочитувањето на правилата за спортско однесување може да резултира со казна или дисквалификација во согласност со одлуката на Организациониот одбор.

8. Измени на правила
8.1 Организаторот си остава за право да ги промени правилата, термините на трките и фондот на награди доколку тоа го наметнуваат условите.
8.2 Во случај на измени и дополнување на правилата организаторот ќе го објави на својата веб-страница и Фејсбук страница.

Ги прочитав , разбрав и целосно ги прифаќам условите и правилата за учество во трката"

За да се осигура вашата заштита на приватност вашите податоци се зачувани во електронска форма.