Дали трчате од некоја компанија, или можеби сте поголема група на пријатели?
Пријави ја својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката на 10км.
При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).
ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е “AK Rabotnicki“ тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името “AK Rabotnicki“.
Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во за тимови, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, Пример, ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.
Рангирањето ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од неколку часа после завршувањето на трката.
Доколку вашата екипа брои повеќе од 10 членови и сакате да платите на фактура може да извршите и групна пријава. За деталите обратете се на емаил biljana@skopskimaraton.com.mk
За сите дополнителни прашања контактирајте не на емаил info@skopskimaraton.com.mk со наслов на пораката “Скопје трча“.