ЗА ТРКАТА

design your own website

Успешната приказна СКОПЈЕ ТРЧА започна 2017 год, која беше организирана со ентузијазам и желба да се збогати понудата на квалитетни трки, при што заедно со спортистите сакаме да ја подигнеме свеста за активен живот на населението. Оваа трка годинава ќе го има своето седмо издание, на што сме особено горди, бидејќи СКОПЈЕ ТРЧА веќе станува традиционална трка, а тоа за нас е мотив плус, бидејќи секоја година тежнееме да организираме поуспешно издание од предходното.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република С.Македонија.
Насловен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е HalkBanka,  а покровители се Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје, но огромна помош и поддршка имаме и од нашите верни спонзори и партнери.  

  • ДАТУМ
    12 мај 2024 (недела)
  • ДОЛЖИНА НА ТРКАТА
    10км (еден круг)
  • СЕРТИФИКАТ НА ПАТЕКАТА
    Патеката на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10км е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС (www.aims-worldrunning.org) и Светска Атлетика (https://media.aws.iaaf.org/competitioninfo/10c765df-470e-4e6e-b02d-75cf79002e5b.pdf)
  • ПРИЈАВУВАЊЕ
    Пријавувањето трае до 30 април 2024 или до пополнување на предвидениот број на учесници.
    ВАЖНО! При процесот на пријавување треба да го одберете вашето таргет време за кое планирате да ја завршите трката. Ве молиме да бидете реaлни и да не оставате неточни таргет времиња. Промена на таргет време нема да биде возможно после завршување на пријавата.
  • СТАРТ
    Стартот е во 09.00 часот. Учесниците ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет време. 
  • СТАРТНА ЗОНА
    Учесниците на стартот ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според вашето таргет време кое ќе го одберете при процесот на пријавување.
    Таргет времињата се следни:
    бокс 1 - таргет време под 45:00
    бокс 2 - таргет време од 45:01 до 50:00
    бокс 3 - таргет време од 50:01 до 55:00
    бокс 4 - таргет време од 55:01 до 1:00:00
    бокс 5 - таргет време над 1:00:01
    Доколку не одберете таргет време при процесот на пријавување нема да можете да ја направите пријавата, ова е задолжително опција. На стартниот број ќе биде обележано вашето таргет време и нема да може да влезете во стартен бокс со друго таргет време.
    Што е таргет време? Ако планирате дека трката од 10км може да ја истрчате за време од 52 минути, тогаш тоа е вашето таргет време и треба да одберете дека ќе стартувате во таргет време од 50:01 до 55:00. Ве молиме да бидете реални и да оставате точни таргет времиња во пријавата.
  • РЕЗУЛТАТИ 
    Резултатите ќе бидат според Gun Time, а во листата на резултати ќе биде објавено и вашето Чип време. 
  • ТИМСКИ НАТПРЕВАР
    Дали трчате од некоја компанија, или можеби сте поголема група на пријатели? Пријави ја својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката на 10км. За повеќе информации кликнете тука.
  • ПАТЕКА
    Стартот на трката ќе биде во 9.00 часот на бул. Илинден (во близина на фонтана Лотус). На истото место ќе биде и целта на трката. Ќе се трча по бул. Илинденска и дел од бул. Партизански Одреди.  Види мапа
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    Сите тркачи треба да ја завршат трката за 90 минути, после овој временски период ќе бидат замолени да ја напуштат патеката на трчање.
  • ПОДИГАЊЕ НА СТАРТНИ ПАКЕТИ 
    Подигнувањето на стартните пакети ќе биде на 10 и 11 мај, локацијата ќе биде дополнително објавена. При подигање на стартниот пакет треба да се покаже документ за дентификација или потврда добиена на емаил.  
  • ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОДУКТ - DRY FIT МАИЦА
    Како дополнителен продукт при процесот на регистрација може да купите dry fit маица со логото на трката. Цената на маицата е 500 денари и може да се купи до 5 април 2024. Доколку купите маица истата ќе ја добиете при подигање на стартниот број.
  • ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОДУКТ - МОЖНОСТ ЗА РЕФУНДАЦИЈА
    Како дополнителен продукт при процесот на регистрација може да доплатите 200 денари за можност за рефундација. Оваа услуга не е задолжителна.
    Што значи “можност за рефундација“?
    Доколку го одберете овој продукт, за да се реализира рефундацијата во износ на 100% од износот на стандардниот пакет, ќе мора да испратите барање до 20 април 2024 на следнава емаил адреса skopje.run@gmail.com за да ви бидат вратени уплатените средства, при тоа вашата пријава ќе биде откажана .
  • НАГРАДИ ЗА ТРКАТА НА 10КМ
    Во трката на 10 км првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени.
    1 место - 30.000 ден.
    2 место - 20.000 ден.
    3 место - 15.000 ден.
    4 место - 9.000 ден.
    5 место - 6.000 ден.
    Со дипломи и пехари ќе бидат наградени првите 3 места во следниве возрасни категории: од 35 до 44 год, од 45 до 54 год., и 55 + год. Церемонијата на доделување на наградите ќе започне во 9.00 часот, по завршување на трката.
  • ФОТОГРАФИИ ОД ТРКАТА
    Доколку сакате да ги добиете вашите фотографии од трката, се што треба е да ја активирате апликацијата на PIc2Go Macedonia. Како да го сторите тоа и кога ќе дознаете доколку кликнете тука